Toби кариерата ја продолжува во Словенија

Само еден ден откако Мајк Тоби официјално ја напушти Црвена Звезда, Американецот со словенечки пасош е блиску до нов ангажман.

Информациите од Словенија велат дека Цедевита Олимпија го сака Тоби. Тоби минатото лето пристигна во Звезда од Барселона, но таму не се прослави. На 30 натпревари во Евролигата на паркетот мина 10,9 минути.

Во елитното европско натпреварување имаше просек од 3,7 поени и 2,3 скока по меч. Беше многу подобар во АБА лигата со 8,9 поени и 5,1 скока. Со Звезда го освои регионалниот шампионат, првенството на Србија и Купот „Радивој Корач“.

Се вчитува...