Toбиас Карлсон: Одбраната ќе биде клуч на успехот против Вардар

Фленсбург утре (17.30 ч.)во „Фленс Арена“ го пречекува Вардар, во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. За разлика од оној прв четвртфинален дуел меѓу овие две екипи во Лигата на шампионите пред три години, овој пат Германците му ја препуштаат фаворитската улога на Вардар.  Во најавата пред четвртфиналето од Фленсбург го истакнуваат фактот дека македонскиот шампион игра извонредна сезона во која заврши на првото место во групната фаза и обезеди директен пласман во Топ 8 . За разлика од „црвено-црните“ Фленсбург до четвртфиналето стигна со триумф против Мешков Брест во осминафиналната пресметка.

Тимот предводен од Љубомир Врањеш, го пречекува Вардар од лидерската позиција во Бундеслигата на која се зацврсти со последниот триумф против Бергишер (32-25). Играта на Фленсбург на овој меч, носи оптимизам во Фленсбург пред дуелот со македонскиот шампион за место на Ф4 во Келн.

Во овој момент во нападот функционираме извонредно. Но, одбраната ќе биде клучното прашање и тука мора да се подобриме“ – истакнува тренерот Љубомир Врањеш.

И во едниот и другиот табор се уште е во добро сеќавање драматичното четвртфинале во ЛШ од 2014. Тогаш  Фленсбург победи на домашен терен со 24-22, а на реваншот во Скопје, славеше Вардар со 25-27, но германскиот тим со повеќе постигнати голови во гости се пласира на Ф4 и таа сезона стигна до шампионската титула во Лигата на шампионите.

Во новата четвртфинална пресметка, вардарци гледаат шанса за реванш, а во Фленсбург се надеваат дека може да го повторат успехот уште еднаш.

Во мислите ни е тоа дека може да го повториме она што го направивме пред три години. Против ваква силна екипа како Вардар, одбраната ќе биде клуч за успехот“ – истакнува капитенот на Фленсбург, Тобиас Карлсон.

Се вчитува...