„Тодор Проески“ експресно распродаден за мечот со Исланд: Останати уште мал број билети за Исток и за Запад!

Македонските фудбалски репрезентативци ќе имаат максимална поддршка за утрешниот одлучувачки натпревар против Исланд за место во баражот за пласман на Светското првенство 2022.

Арената „Тодор Проески“ експресно распродадена за натпревар кој за првпат во историјата може да ја однесе Македонија кон пласман на мундијалска завршница. Натпревар кој со победа го завршуваме на второто место во квалификациската група, веднаш зад моќната Германија.

Билетите за Јужната и за Северната трибина се веќе продадени, а останатите се уште сосема мал број билети (околу 300) за Источната и за Западната трибина, кои се продаваат преку продажната мрежа на „МкТикетс“.

Како што е познато, поради пандемијата од коронавирусот, ФФМ во продажба пушти билети за 50% исполнетост од капацитетот на арената „Тодор Проески“. Па, се очекуваат околу 17.000 навивачи да ги бодрат фудбалерите на патот кон мундијалскиот бараж.

Се вчитува...