Тодор Узунчев е нов ракометар на Младост 1977

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци го промовираше своето најново засилување за претстојната сезона. Станува збор за младиот и исклучително талентиран ракометар Тодор Узунчев, кој доаѓа како сериозно засилување за тимот.

Узунчев важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција во Македонија. Својот ракометен пат и развој го градеше во екипите на Алкалоид и Бутел Скопје, клубови кои се добро познати по одличната работа со млади категории и создавањето квалитетни ракометари. И покрај својата младост, тој зад себе веќе има солидно искуство на домашната сцена.

Овој трансфер е само почеток на амбициозниот проект на раководството на Младост 1977, од каде најавуваат создавање на силна и конкурентна екипа подготвена за високи дострели во новата сезона.

Се вчитува...