Тодороски кариерата ја продолжува во азербејџански Сумгаит

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски својата кариера ја продолжува во азербејџанскиот прволигаш Сумгаит.

23-годишниот Тодоровски, кој игра на десната бековска позиција, летово се раздели со Серед по што се одлучи да ја прифати понудата на азербејџански Сумгаит.

Тодороски претходно во својата кариера има настапувано и за екипите на Раднички Ниш, Осијек, Шибеник, Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври, а беше и на последниот собир на националниот тим во Лигата на нации.

Се вчитува...