Тодороски на проба во германски Штутгарт

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Тодороски е на проба во редовите на германски Штутгарт.

20-годишниот Тодороски, кој е фудбалер од средниот ред, досега во својата кариера има настапувано за австриските Виена и Флорисдорфер. Сега е пред можност за продолжување на кариерата во Штутгарт, кој следнава сезона ќе се натпреварува во Втората лига на Германија.

Тодороски досега има и неколку повици за младите селекции на Македонија.

Се вчитува...