Тодороски „раскина“ со Серед, ќе бара нов клуб

Само шест месеци откако потпиша за Серед, Тодор Тодороски се раздели од словачкиот клуб, и летово ќе бара нова средина. Македонскиот репрезентативец имаше договор на 2+1, но на взаемно задоволство истиот е раскинат, и десниот бек на националниот тим ќе бара нова средина.

Тодороски во минатото беше дел од Осијек, Шибеник и Раднички Ниш, а во новата сезона ќе има нов клуб и ќе брка нов интернационален ангажман.

Во минатото Тодороски играше и за Вардар, за Металург, Кожуф и 11 Октомври.

Во штотуку завршената Лига на Нации, Тодороски одигра три натпревари, а вкупно има одиграно четири натпревари за репрезентацијата.

Се вчитува...