Тодоров: Без публиката ќе беше „гадно“, Македонците го решија мечот

МЗТ Скопје славеше над Партизан на стартот од новата сезона во АБА-лигата, а тренерот Александар Тодоров победата им ја посвети на навивачите кои дојдоа во огромен број да им дадат поддршка на неговите избраници.

Прво и најважно од се – една огромна благодарност за сите оние кои дојдоа денеска во салата за првпат по долго време да ни дадат поддршка, бидејќи без нивното присуство ќе беше „гадно“ да се игра пред онаа група која ги бодреше гостите. Колку и да беше тешка средбата, ми беше пријатно што повторно се сетив како беше во „лименката“ на МЗТ, при последниот мој престој тука. Што се однесува до натпреварот, одигравме не толку квалитетна одбрана, но успеавме да постигнеме 29 поени во последната четвртина, вкупно 92. Победивме едно големо име во кошарката, противник што ќе ни даде сила и мотив да продолжиме да работиме како што работевме и досега“ – изјави Тодоров.

Тодоров најави дека Македонците ќе го имаат главниот збор во овој тим на МЗТ и тоа се случи, па Дамјан Стојановски ги реализираше клучните слободни фрлања, откако претходно Бојан Трајковски со извонредна игра во последната четвртина беше креатор на големиот камбек.

„ Тоа е стилот на игра на Бојан Трајковски, некогаш ќе промашува, некогаш ќе влезе во серија. Две работи се важни, кога ќе ги земе шутевите да бидат чисти и да видиме дали ќе погодии. Второто е кога ќе има можност и време да искреираме нешто друго. Неговиот напредок е повеќе од очигледен, тој е одличен играч на „петка“ што може да дојде до бројни ситуации за чист шут, јас имам доверба во него, но Бојан Трајковски е одличен кошаркар и без мене како тренер. Дамјан Стојановски исто така одигра лидерски, ја презеде одговорноста кога беше најважно и заедно со Бојан Трајковски ги постигнаа клучните поени. Ви гарантирам дека Дамјан ќе игра уште подобро“ – изјави Тодоров.

Се вчитува...