Тодоров: Ни недостигаа три тројки за подобар резултат во Перм

Два порази забележа кошаркарската репрезентација на Македонија во првиот прозорец од квалификациите за Евробаскет 2021. По загубениот меч во Скопје од Естонија, најдобрите македонски кошаркари дадоа силен отпор против Русија, но на крајот сепак загубија со 77-67.

Селекторот Александар Тодоров вели дека недостигала малку подобра реализација во ударот за три поени, за Македонија да забележи подобар резултат.

„Ги затворивме добрите страни на Русија, споредено со она што играа со Италија. Ние сме репрезентација на која системот ѝ се базира на шутеви за три. Потребни ни беа само три тројки за да имаме подобар резултат“, изјави селекторот Александар Тодоров по поразот од Русија во Перм.

Се вчитува...