Тодоров се одјави со титулата во Цволе и се пресели во Романија

Еден од најдобрите македонски кошаркаркски стратези Александар Тодоров кој во последните години работи како оперативец, поточно како генерален менаџер следната сезона ќе седне на оваа позиција на романски Рапид Букурешт.

Тодоров имаше неколку успешни сезони во холандски Цволе, а круната на неговата работа дојде сезонава кога стигна до титулата во шампионатот на Холандија. Тој сега се враќа во Романија како генерален менаџер на Рапид Букурешт, земја во која во минатото работеше како тренер.

Тој во романскиот шампионат ги водеше екипите на Динамо Букурешт и Крајова.

 

Се вчитува...