Тодоровиќ: Куманово ќе игра се подобро како што ќе одминува сезоната

Екипата на Куманово рутински славеше над МЗТ Скопје 2 со убедливи 95-65, искачувајќи се на шестото место. „Сино-белите“ и сезонава атакуваат на влез во Супер-лигата, без оглед на фактот дека настапуваат со значително подмладен состав.

„Составивме квалитетна група на кошаркари, во тимот владее одлична атмосфера. Нормално е на првите натпревари да има осцилации во играта, но верувам дека како што ќе одминува времето, нашата форма се повеќе ќе се движи во нагорна линија. Пред нас се серија тешки натпревари, но очекувам да одговориме на предизвикот“ – истакнува Мишо Тодоровиќ од таборот на кумановци.

Токму Тодоровиќ одигра одлично минатиот викенд постигнувајќи 16 поени и пет асистенции.

Работиме напорно на тренинзи и чекаме да добиеме шанса. Ја оправдав довербата на саботниот натпревар, се надевам дека и во иднина ќе продолжам со слични партии. Најважни сепак се резултатите на екипата, а не индивидуалните бројки“ – вели Тодоровиќ.

Се вчитува...