Тодоровиќ потпиша за КК Ангели

Новиот прволигаш КК Ангели донесе квалитетно засилување во играчкиот кадар за наредната сезона, потпишувајќи договор со Миодраг Тодоровиќ. Станува збор за бек кој ги мина речиси сите младински селекции на Македонија и кого го одликува одличен преглед на играта, но и прецизен шут од далечина.

Тодоровиќ последните неколку сезони ги мина во редовите на Куманово, од каде си замина во текот на ланскиот шампионат. Потоа тој вториот дел од сезоната го мина во дресот на Шкупи, каде беше еден од најдобрите поединци, но тимот од Чаир не успеа да влезе во елитното друштво.

„Со големо задоволство Ви го преставуваме нашето ново засилување за првата лига Миодраг Мишо Тодоровиќ, долгогодишен македонски репрезентативец во сите младински репрезентации и поранешен играч на КК Куманово, КК Кожув и КК Шкупи. Со среќа Мишо и успеси во новата сезона“, објавија од раководството на КК Ангели.

Се вчитува...