Фудбалерите на Спартак Суботица го добија дерби натпреварот против Нови Пазар во 35. коло од плеј-аутот на елитниот српски фудбал со 0-1, а заслужен за триумфот беше и македонскиот интернационалец Андреј Тодоровски кој асистираше за единствениот гол на средбата.
Во 74. минута Македонецот започна контра за својот тим, а го имаше и клучното додавање до Бабиќ кој немаше проблем да ја затресе мрежата од шестнаестникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА