Тодоровски ја продолжува кариерата во Раднички Ниш

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Тодоровски својата кариера ќе ја продолжи во српскиот шампионат, во редовите на Раднички Ниш.

34-годишниот десен бек и официјално се договори за едногодишен договор со Раднички.

Претходно во својата кариера Александар Тодоровски има настапи и за кипарските АПОЕЛ, АЕЛ Лимасол, за српски Рад, за полските Полонија и Заглебје, како и за австриски Штурм.

Се вчитува...