Се до Шкендија – Милан 24 години не дал шест гола во Европа

Милан одигра фантастично на синоќешниот дуел со Шкендија (6-0), на кој „росонерите“ го забележаа својот најефикасен европски натпревар во последните 24 години.

Имено, гигантот од „Сан Сиро“ нема постигнато шест гола на еден дуел од европските купови уште од 1993 година, кога среде Данска го посрамоти Копенхаген со 0-6 во рамките од второто коло од Купот на Европските Шампиони. Папен и Симоне постигнаа по два погодоци за Милан на тој меч, а по еднаш прецизни беа Орландо и Лаудруп.

Цели 24 години фановите на Милан чекаа на ново гол-шоу од своите миленици во европските купови – и го дочекаа синоќа против македонскиот вицепрвак. Така, во Милано се роди „6-КЕНДИЈА“.

Се вчитува...