Тој е хрватскиот Роки – погледнете ги последните 90 секунди од борбата на Хрговиќ

Филип Хрговиќ приреди огромно изненадување откако стана светски првак со победата над Итаума во борба што многу потсетуваше на филмскиот хит Роки.

Искусниот Хрват неколку пати беше на работ на капитулација, но ги издржа налетите на 21-годишниот боксер кој важи за „нокаут-машина“.

Итаума доминираше во првите осум рунди, но Хрговиќ блесна во деветтата, со серија удари ја сврте борбата во своја корист и на крајот стигна до историската победа.

Погледнете ги последните 90 секунди од оваа борба, во рундата во која Итаума како веќе да немаше сили, а хрватскиот боксер го искористи тоа за да стигне до најголемата победа во кариерата.

Се вчитува...