„Тој само јаде, пие и ја с**е кошарката“

Брутално искрениот Рашид Волас говореше со пофални зборови за својот поранешен тренер Лери Браун.

„Л.Б. е сјаен и неверојатен тренер. Тој јаде, пие и с**е по кошарката. Го убива тоа се што се случува и што салите се затворени. Постојат тренери чие его е далеку поголемо од тоа на кошаркарите, мојот Лери не е таков. Знаеше многу пати да каже „Тука сме само да играме кошарка затоа дајте ми се што имате, а потоа ќе одиме дома и ќе ги бакнеме сопругата и децата““, изјави Волас. 

Рашид Волас со Детроит Пистонс во 2004 година стана НБА шампион. Тогаш тренер беше легендарниот Лери Браун.

Се вчитува...