Токио предупредува: ЛОИ не смее повторно да се одложат, тогаш подобро да бидат откажани

Најголем спортски настан на планетата, Летните Олимписки Игри, поради пандемијата на коронавирусот се одложени за 2021 година, но постојат закани дека и дотогаш светот нема да се избори со заканите од Covid-19. Сепак, шефот на организацискиот комитет на ЛОИ Токио, Јоширо Мори, предупредува дека не смее да дојде до следно одложување. Доколку и понатаму постои закана од коронавирусот, тогаш Летните Олимписки Игри треба да бидат дефинитивно откажани.

„Токио не се согласува на повторно одложување. Загубите се преголеми, тоа едноставно не може да се издржи. Во таков случај, најдобро е Летните Олимписки Игри да бидат откажани“, изјави Јоширо Моро за весникот „Nikkan Sports“.

Јапонија ја снајде сериозен финансиски удар од одложувањето Игрите. Откажани се резервираните хотели, изнајмени објекти, загубата е околу 2,7 милијарди евра.

Се вчитува...