Толедо „пресече“: Љубовта пред Вардар

Бразилскиот репрезентативец Хозе Толедо и дефинитивно си заминува од Вардар, одлука што веќе им ја соопштил на челниците на клубот. Десниот бек пристигна како големо засилување, но тешката повреда и долгата пауза по хируршкиот зафат придонесоа тој да не покаже ниту дел од потенцијалот што го поседува во настапите во црвено-црниот дрес.

И за него како и за останатите ракометари важеше пораката од новиот претседател Михајловски дека ќе мора да се согласи на намалување на платата ако сака да остане, но Толедо не ни дочекал да слушне колкаво ќе биде тоа – бидејќи веќе имал донесено одлука за заминување. Пресудна сепак била љубовта, бидејќи неговата девојка Лариса Араухо има осигурано трансфер во романскиот Баја Маре, па сега и десниот бек на Вардар ќе се пресели во машкиот клуб од истиот ракометен колектив.

Засилувања на позицијата десен бек ќе бидат приоритет во Вардар летово ако се знае дека во текот на сезоната „црвено-црните“ останаа без Криштопанс, сега и без Толедо, а оваа страна од тимот е дополнително ослабена со заминувањето на крилото Шишкарев.

Се вчитува...