Толисо го напушта Баерн Минхен, во редот чекаат Интер и Манчестер Јунајтед

Францускиот интернационалец Корентин Толисо ќе го напушти германскиот првак Баерн Минхен на крајот од сезоната. Тренерот Ханси Флик му соопштил на фудбалерот за врска дека може да побара нова средина по завршувањето на сезоната затоа што нема да биде во неговите најтесни планови за формирање на составот следната сезона.

Толисо ја загуби формата со која ја стартуваше сезоната, а иако има договор до 2022 година ќе му биде дозволено да си замине со отштета од 35 милиони евра. Тој во 2017 година пристигна на „Алијанц арена“ за сума од 42 милиони евра.

Италијанскиот калчолигаш Интер и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се клубовите кои појавуваат интерес за ангажман на Толисо и ќе добијат можност за преговори со фудбалерот по завршувањето на оваа сезона.

Се вчитува...