Толку беа силите – Џоунс и повредата го запреа Калин Ивановски на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски го заврши настапот на јуниорскиот Вимблдон откако во осминафиналето загуби од седмиот носител, Британецот, Џек Пенингтон Џоунс со 2-0 по сетови (7-5 и 6-0).

Големиот број на неизнудени грешки вкупно единаесет беа клучни за губење на првиот сет. Откако до резултат 5-5 и двајцата тенисери не дозволија ниту брејк топка за противникот, Британецот во единаесеттиот гејм имаше три врзани брејк топки од кои успеа да ја искористи последната и да поведе со 6-5. Во следниот гејм и нашиот Ивановски ја имаше првата брејк топка, но неговиот форхенд за жал заврши во аут.

Лошата серија на Ивановски продолжи и во вториот сет, каде Британецот успеа да освои три гејма по ред и да поведе со 3-0, по што младиот Македонец побара медицински тајм-аут, откако при последниот удар го истегна колкот. По продолжувањето на мечот евидентно беше дека Ивановски се мачи со повреда и само поради фер-плеј остана на теренот, што резултираше со пораз од 6-0.

Се вчитува...