Толку од „лавовите“… Алашкерт со убедлива победа и во Скопје (ВИДЕО)

И покрај најавите за борба, квалитетен меч и желба за пласман во следната рунда натпревари, фудбалерите на Македонија ЃП ниту најмалку не покажаа конкурентност со ерменски Алашкерт и на реванш дуелот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа во Скопје. По онаа победа од 3-1 во Ереван, Ерменците со убедливи 0-3 славеа и на гостувањето во Македонија.

И покрај привидната почетна иницијатива на „лавовите“, Алашкерт брзо дојде до водство преку Ненадовиќ во 21. минута од средбата.

Во продолжението Македонија ЃП заигра поагресивно во нападот, но Карваљо шутираше непрецизно по корнерот на Божиновски во 29. минута, а неуспешно заврши обидот и на Тантуровски во 36. минута.

Во вториот дел игра на средината од теренот, за да гостите дојдоа до предност и од 0-2 со голот на Тиаго Галвао во 68. минута. Конечната победа за елиминација на македонскиот претставник, Ерменците ја заокружија со голот во 74. минута на Восканјан.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛЕ – 1. КОЛО (реванш меч)

МАКЕДОНИЈА ЃП – АЛАШКЕРТ (ЕРМ) 0-3 (0-1)

Стадион на тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје. Гледачи: 200. Главен судија: Кристоф Пирес (Луксембург). Стрелци: Ненадовиќ 21′, Тиаго Галвао 68′, Восканјан 74′ (А).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јованоски, Родригез, Лима, Личина, Божиновски, Да Силва, Јашароски, Пецов, Филиповски, Карваљо, Тантуровски

АЛАШКЕРТ: Цонцаревиќ, Восканјан, Исканјан, Дагбашјан, Харјапетјан, Ненадовиќ, Секулиќ, Андраде, Танков, Григорјан, Мкојан

Се вчитува...