Толку од љубовта со Баерн: Разочараниот Левандовски се збогува од Минхен

Брз демант доби спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, кој потенцираше дека клубот нема да го продаде Роберт Левандовски.

Според „Билд“, Полјакот јасно порачал дека си заминува. Најдобриот стрелец на тимот е разочаран со клубот за кој играше во последните осум години, а на првиот состанок со Оливер Кан и Салихамиџиќ им кажал дека нема да ја продолжи соработката.

За иднината на Полјакот во Баерн не се зборувало, а тоа го разочара напаѓачот, кој оваа сезона постигна дури 48 гола во сите натпреварувања.

Првите информации се дека Левандовски би можел да се врати во Борусија Дортмунд, каде што играше до 2014 година, а треба да го преземе нападот од Ерлинг Халанд, кој по сè изгледа дека летово заминува од Дортмунд.

Се вчитува...