Томас Милер е синоним за лојалност во европскиот и светскиот фудбал, германскиот ас последните 20 години ги мина носејќи го дресот на Баерн Минхен, а како што стојат работите љубовта ќе продолжи уште најмалку три години.
Одличниот офанзивец пристигна на десетгодишна возраст од Пехл, ги мина сите младински екипи на баварскиот гигант, а од моментот кога заигра за првиот тим веднаш стана јасно дека Баерн има „бисер“ што се брусеше низ годините. Бројките велат дека Милер има одиграно 521 средба во дресот на најтрофејниот германски клуб, псотигнувајќи 195 гола, но и асистирајќи 188 пати за погодоци на соиграчите.
Неколку англиски премиерлигаши се интересираат за големиот ас во летниот преоден рок, но Баерн не сака ни да чуе за продажба. Актуелниот договор на Милер истекува во јуни 2021 година, но баварскиот гигант настојува најдоцна до крајот на следниот месец да потпише нов договор, со важност до 2023 година, за да го осигура останувањето на својот „бисер“ на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА