Томас Милер крена бунт во Баерн Минхен: Како ќе платат 100 милиони евра за Хаверц кога ни ги намалија платите?

Каи Хаверц, талентираниот фудбалер на Баер Леверкузен, е една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок во Бундес-лигата, но и во цела Европа. За него се интересираат Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Челси, но се чини дека Баерн Минхен нема лесно да дозволи тој да го напушти германскиот фудбал.

Неговата вредност изнесува 100 милиони евра, а еден од најискусните во таборот на Баерн Минхен, Томас Милер, се прашува како клубот би платил толкава сума ако е во криза и побара да им бидат намалени платите на сите фудбалери во професионалниот погон.

„Талентот на Хаверц е неспорен, сум имал можност да го забележам во германската репрезентација. Можеби е и најдобриот од оваа нова млада генерација. Но, не можам да разберам некои работи. Парадоксално е да се плати 100 милиони евра за нов фудбалер, а истовремено да се намалуваат платите на другите фудбалери“, изјави Томас Милер.

Сепак, Баерн Минхен е решен да го доведе Каи Хаверц на „Алијанц арена“ и за тоа нема да штеди пари.

Се вчитува...