Томас Милер со една реченица ја откри најголемата слабост на Барселона

Барселона за прв пат по 2000 година не успеа да ја помине групната фаза на Лигата на Шампионите. Каталонците во последното коло загубија на гостувањето во Минхен против Баерн со 3-0 и со тоа завршија на третото место во групата „Е“ што значи и преминување во Лига Европа.

Патот на Барселона до второто најсилно европско натпреварување го трасираше Томас Милер кој во 34. минута успеа да го совлада Тер Штеген, а по мечот искусниот Германец ја нагласи и разликата помеѓу овие два клуба.

„Моето мислење е дека Барселона не може да го испрати интензитетот на играта. Тие имаат се, технички и тактички се одлични играчи, но не можат да се носат со интензитетот на фудбалот од највисок размер“, изјави Милер.

Се вчитува...