Томас Муние пред трансфер на „Олд Трафорд“

Белгискиот интернационалец Томас Муние ова лето ќе го напушти Пари Сен Жермен и се наоѓа многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“. Тој не доби голема шанса од тренерот Томас Тухел изминатата сезона и не би имал против да се пресели во Премиер – лигата, да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да плати 25 милиони евра за десниот бек на ПСЖ. Менаџерот Оле Гунар Солскјер ја „крпеше“ оваа позиција со Ешли Јанг и со Матео Дармијан, но би сакал конечно да има квалитетно решение на десен бек.

Се вчитува...