Томас Тухел потврди дека следната сезона нема да биде тренер на Баерн. Прославениот стручњак не посочи каде ќе ја продолжи кариерата.
Тухел на последната прес-конференција за оваа сезона пред натпреварот од последното, 34. коло во Бундеслигата, на гости кај Хофенхајм изјави дека нема да остане на клупата на Баварците и следната сезона.
„Ова е мојата последна прес-конференција како тренер на Баерн. Имаше разговори, но не успеавме да се договориме, така што одлуката донесена во февруари останува на сила“, изјави Тухел, кој во Баерн дојде во март 2023 година.
Баерн оваа сезона не стигна до ниту еден трофеј, што се случи за првпат во последните 12 години. Пред Баерн, Тухел ги водеше Челси, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА