Тухел ја крпи одбраната со засилувања од Сити и од ПСЖ

Челси се обидува да ја санира дупката во одбраната по заминувањата на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, а изборот падна на Нејтан Аке од Манчестер Сити и Преснел Кимпембе од ПСЖ, пренесуваат англиските медиуми.

„Сините“ веќе водат активни преговори за ангажман на Холанѓанецот од редовите на „граѓаните“, со кого начелно ги договорија и личните услови. Потешкиот дел од задачата ќе биде да се постигне договор со Манчестер Сити, откако актуелниот првак побарал 40 милиони фунти за фудбалерот кој воопшто не е стартер кај Гвардиола.

Во наредните денови ќе следи и офанзивата за ангажман на Кимпембе. Во прилог на Челси оди фактот што Кимпембе беше ставен на трансфер-листа од новиот тренер Галтие, па се очекува вредноста на овој трансфер да не изнесува повеќе од 30 милиони фунти.

Се вчитува...