Томас Тухел замената за Рудигер ја гледа во Париз

Се поверојатно е дека Антонио Рудигер по истекот на договорот ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“, а раководството на Челси е веќе во потрага по неговата замена. Во опција се неколку имиња, а Томас Тухел идеалниот стопер го гледа во својот поранешен клуб ПСЖ и Преснел Кимпембе.

Францускиот репрезентативец со 26 години е во врвна форма, а со себе носи и големо искуство од настапите на „светците“ во Лигата на Шампионите, но и на интеренационалните натпреварувања со „триколорите“ па се очекува да донесе стабилнсот во одбраната на актуелниот европски првак.

Договорот на стоперот со ПСЖ истекува во 2025 година па јасно е дека Челси ќе мора да го „одврзе ќесето“ за неговиот ангажман. Трансфермарт го проценува фудбалерот на 40 милиони евра, но според француските медиуми „сините“ ќе мораат да издвојат околку 55 милиони евра.

Се вчитува...