Поранешниот фудбалер на Пелистер, Томе Китановски својата кариера ќе ја продолжи во австриски Мауерверк во тимот кој од клупата е предводен од поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски.
31-годишниот Китановски богатата иинтернационална кариера сега ја дополнува со Маурверк кој се натпреварува во регионалната лига на Австрија, а во кој Илчо Наумоски е тренер и спортски директор на клубот.
„Добиваме навистина квалитетно засилување со ангажманот на докажаното име Китановски, кој треба да ни помогне до крајот на сезоната“ – ни изјави Наумоски.
Во клубот веќе настапува уште еден Македонец, Леон Најдовски.
Томе Китановски, кој има и два настапи за репрезентацијата на Македонија, во кариерата има настапувано за Пелистер, Шкупи, Македонија ЃП и Струга ТЛ во домашниот шампионат, но и за романска Крајова, српските Младост и Вождовац, хрватските Истра и Славен Белупо, азербејџански Сабаил како и за албанскиот прволигаш Кукс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА