Томе Китановски потпиша за Сабаил: Тој доаѓа од земјата на Александар Македонски

Македонскиот интренационалец Томе Китановски потпиша договор со Сабаил, клуб од Азербејџан, кој го претстави на интересен начин.

„Тој доаѓа од земјата на Александар Македонски. Томе Китановски е фудбалер на Сабаил“, објави клубот.

Китановски ова лето спогодбено го раскина договорот со хрватскиот Славен Белупо и како слободен агент пронајде нов ангажман во Азербејџан.

Се вчитува...