Томи Пол полуфиналист на Австралија опен

Томи Пол успеа да стигне до најдобриот резултат во својата кариера откако се пласираше во полуфиналето на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.

Пол во „се-американскиот“ двобој со 3-1 по сетови (7-6, 3-6, 7-5 и 6-3) славеше над младиот Бен Шелтон. Во полуфиналето Пол го чека подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат третиот носител Стефанос Циципас од Грција и Русинот Карен Хачанов.

Се вчитува...