Томовски: Најважно е што поминавме, со Чешка ќе треба да бидеме едно ниво погоре

ЕКИПА во Букурешт,
Стеван Цаневски

Голманот на македонската репрезентација Мартин Томовски, го коментираше двомечот со Романија и пласманот на Македонија во финалниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство.

„Малку растеретување ни беше предноста од првиот меч, иако влеговме максимално. Романците добро не прочитаа, а кај нас нападот тешко одеше, и поради тоа мала нервоза се направи, и тоа резултираше да имаме негатива. Севкупно гледано, добро е што поминавме, ќе ги анализираме грешките и ќе гледаме напред. Чешка е сега далеку поквалитетна репрезентација, иако и Романија не е за потценување. Среќни сме поради тоа што поминавме натаму, ќе дадеме се од себе да се подобриме“, изјави Томовски.

Тој смета дека против Чешка, националниот тим ќе треба да биде барем за едно ниво погоре, бидејќи вели дека Чешка е поквалитетна од Романија.

„Против Чешка ќе ни треба едно ниво погоре. Чешка е многу квалитетна, ја познаваме добро, и ќе мора уште подобро да се подготвиме ако сакаме да се пласираме на Светско првенство“, изјави Томовски.

Се вчитува...