Томовски одличен Вардар со реми на полувреме против Елверум

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар има реми 13-13 на полувреме на гостувањето кај норвешки Елверум во премиерниот натпревар сезонава во Лигата на шампиони.

Вардар се соочи со проблеми на стартот, по неколкуте промашени чисти шутеви на избраниците на Веселин Вујовиќ. „Црвено-црните“ во петтата минута добија и пенал, но Дибиров имаше почетнички обид за лоб што домашниот голман лесно го одбрани. Гаџа го постигна првиот гол за Вардар во шестата минута, намалувајќи на 2-1 за Елверум. Цврстата одбрана предводена од Томовски овозможи експресен камбек, па Гаџа со својот втор гол донесе и прво водство на Вардар од 3-4 на почетокот од 11. минута од овој натпревар.

Мартин Томовски продолжи со одличниот настап бранејќи нови удари на домаќините, па голманот на Вардар на половина од полувремето само четири пати ја вадеше топката од својата мрежа (4-5). Кевин Нијокас влезе во игра во овој дел од мечот и веднаш биеше прецизно од позицијата десен бек, за во следниот напад умешно да асистира до пивотот Тото.

На крилата на Томовски, вардарци продолжија со одличната игра и во 25. минута за првпат стигнаа до плус четири (8-12). Сепак, следеше пад на нашите ракометари кои го искористија Норвежаните и со серија од 5-1 успеаја да стигнат до нерешено (13-13).

Мартин Томовски на голот запиша осум интервенции во првиот дел, а Жереми Тото со четири гола е прво име во нападот. Кај Елверум Грондал со четири погодоци е најефикасен.

Се вчитува...