Томовски оптимист: Ќе ги искористиме слабостите на Загреб, одиме на победа на двете средби

Ракометарите на Вардар по настапот на силниот турнир во Германија погледите ги насочија кон претстојниот двомеч со Загреб во четвртфиналето од СЕХА-лигата.

Првиот дуел ќе се игра утре во Скопје, а „вардарци“ се оптимисти дека ќе успеат да триумфираат над хрватскиот првак и да направат чекор напред кон Ф4 во пресрет на реваншот во Хрватска закажан за 31 август.

„Загреб е солидна екипа која со години игра во СЕХА-лигата. Оваа сезона се засилија и ајде да кажеме дека одбраната им е главно оружје. Се надеваме дека тоа само така изгледа, гранитно во средината бидејќи имаат двајца искусни играчи кои настапуваа во Бундес-лигата. Имавме доволно време да се подготвиме, вршиме видео-анализи, верувам дека ќе ги согледаме нивните слабости и ќе ги искористиме. За нас нема дилеми, одиме на победа и на двете средби и пласман на фајналфор турнирот во Задар“, изјави голманот Мартин Томовски.

Се вчитува...