Томпсон само ќе тренира со репрезентацијата на Бахами

Кошаркарскиот ас на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон ќе се приклучи на репрезентацијата на Бахами ова лето, но не се очекува да настапи и во дресот на оваа северноамериканска репрезентација на престојните квалификации за Летните олимписки игри во Париз, откриваат американските медиуми.

Томпсон кој и самиот изрази желба за промена на репрезентацијата се очекува само да им помогне на репрезентативците на Бахами како дел од тренинг кампот за средбите во Валенсија против Полска и Финска.

За Томпсон да заигра во дресот на Бахами по репрезентативните настапи за САД потребна е посебна дозвола од ФИБА која нема да биде доделена па оваа „нова кошаркарска сила“ за која се очекува да заиграат Ерик Гордон, Бади Хилд, Деандре Ејтон и Каи Џоунс ќе остане без една НБА ѕвезда.

 

Се вчитува...