Тони Крос има хернија, го пропушта почетокот на сезоната

Поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос ќе ги пропушти првите неколку натпревари сезонава поради хернија, народски познато како кила.

Оваа вест беше потврдена и од самиот клуб. Исто така, беше кажано дека поради природата на повредата, и играчот и медицинскиот персонал мора да бидат многу внимателни во наредните недели за да закрепне како што треба.

Неодамна, Крос објави дека се повлекува од германската репрезентација со цел целосно да се посвети на ангажманот на клубот.

Се вчитува...