Тони Крос: Не знам кога ќе се вратам, оваа повреда не се лечи за една седмица

Тони Крос повеќе од три седмици не е во тренажен процес со остатокот од екипата на Реал Мадрид, а според последните информации Германецот не е ниту блиску до враќање на терените.

Тој објави видео-порака на својот профил на социјалните мрежи, во која ја објасни компликуваната ситуација со која се соочува.

„Пред три седмици бев принуден да престанам да играм и да тренирам поради незгодна повреда на коската. Како што се плашев од првиот момент, оваа повреда не се лечи за една седмица. Имам напредок, но тој е многу мал. Затоа, не знам кога ќе можам повторно да играм фудбал. Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро“, порача Тони Крос.

Се вчитува...