Тони Крос останува „крал“ и следната сезона?

Германскиот репрезентативец Тони Крос и во следната година би можел да остане во редовите на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Договорот на искусниот играч од средниот ред истекува на крајот на сезоната, но претседателот на клубот, Флорентино Перез сака да го задржи во „кралските“ редови.

Преговори за можно продолжување на соработката официјално не се започнати, но според пишувањата на доброупатените „инсајдери“ за Реал Мадрид, и самиот Крос не би ја променил средината доколку не мора.

Крос е дел од Реал Мадрид од 2014 година кога реализираше трансфер од Баерн Минхен. Досега настапи на 446 натпревари за овој тим запишувајќи 28 голови и 96 асистенции.

Германецот во исто време ја разгледува и опцијата за камбек во националниот тим, откако пред неколку години се повлече, но сега размислува да се врати и да помогне на претстојниот европски шампионат што ќе се игра токму во Германија.

Се вчитува...