Тони Крос: Среќни сме што го имаме Роналдо

Реал Мадрид славеше убедлив триумф (3-0) против градскиот ривал Атлетико Мадрид во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Роналдо постигна хет – трик и ја отвори вратата од ново европски финале за „кралевите“.

Тони Крос, Лука Модриќ и Кашемиро беа фантастични на средината на теренот, апсолутно ја добија битката против средниот ред на Атлетико Мадрид, но Германецот потенцира дека сепак клучен беше Кристијано Роналдо.

„Можете да ја контролирате играта на средината на теренот во целост, можете да доминирате, но, сепак, потребен ви е голгетер кој ќе постигне голови во противничката мрежа. Ние го имаме Роналдо и среќни сме поради тоа. Тој секогаш е тука кога е потребно, да ја валоризира нашата добра игра со погодоци. Верувам дека овој триумф е доволен за финале, иако ќе биде тешко и на реваншот. Зидан нема да ни дозволи да се опуштиме, бидете сигурно во тоа“, изјави Тони Крос по убедливата победа над Атлетико Мадрид.

Се вчитува...