Тони Надал изјави дека однесувањето на австралискиот тенисер Ник Кирјос не е воопшто добро за тенисот и неговите љубители.
„Видов што се случи и навистина е болно. Кирјос влезе во една динамика која што не му одговара. Му недостига даска во главата бидејќи тоа не е нормално однесување на еден професионален тенисер. Во моментов тој е многу лош за тенисот и неговите љубители“, изјави Тони Надал.
Кирјос поради инцидентот во Рим е казнет со 20.000 евра, а исто така остана и без наградата која му следуваше за настапот на турнирот во „вечниот град“. Тој исто така нема да ги добие 45 АТП поени кои што му припаѓаа, а ќе мора и сам да ги покрие трошоците кои што ги имал за сместување во Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА