Тони Симиќ нов тренер на Работнички!

Поранешниот македонски репрезентативец Тони Симиќ во следните 24 часа треба да биде именуван за нов тренер на Работнички, дознава ЕКИПА!

Од таборот на КК Работнички најавија дека вртат нова страница на кошаркарската сцена по неуспешната сезона, почнувајќи нов проект сега под палката на Тони Симиќ. Во игра за нов тренер беа неколку имиња, но дефинитивната одлука се чини падна на поранешниот македонски репрезентативец.

Симиќ зад себе нема сериозно тренерско искуство ако се знае дека досега единствено го водеше второлигашот Каменица како и младинската селекција на Македонија за кошаркари до 18 години, но, според нашите информации, е подготвен да го поведе Работнички по нов пат за враќање на триумфалните патеки.

Се вчитува...