Топ 10: Голот на Барди меѓу најубавите во квалификациите за ЕВРО 2020

Енис Барди се најде во одбрано друштво како стрелец на еден од најубавите десет погодоци во септемвриските квалификациски натпревари за ЕП 2022. Асот на Леванте постигна прекрасен гол за Македонија на гостувањето против Летонија, откако со удар со левата нога од работ на шеснаесетникот ја смести топката во мрежата на домашната селекција.

Покрај Барди, стрелци на останатите погодоци кои ги одбележаа последните две квалификациски рунди се Халстенберг од Германија, Украинецот Малиновски, Хенрик Мхитаријан од Ерменија, хрватскиот голгетер Бруно Петковиќ, Марсел Сабицер од Австрија, Доминик Шобошлаи од Унгарија, Ченк Тосун и Јусуф Завичи од Турција, како и Израелецот Захави.

 

Се вчитува...