Топ 5: Кире Лазаров со најубав гол во мај во квалификациите

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, е стрелец на најубавиот погодок во третото и четвртото квалификациско коло од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска. Денеска беше објавена топ-листата од петте најубави голови за месец мај на репрезентативно ниво, а на врвот се најде Лазаров, кој на асистенција на својот брат одлично втрча и го лобуваше исландскиот голман Густавсон.

Токму Густавсон со погодок „од гол на гол“ го освои и третото место на оваа ранг-листа, на која се најдоа уште и Јурецки, Генсхајмер и Шпанецот Давид Балагуер.

Се вчитува...