Топ 5 одбрани во ЛШ: Не може без Никола Митревски

Никола Митревски беше дел од речиси секоја топ-листа од најдобри одбрани во Лигата на Шампионите, па македонскиот голман го задржа трендот и при својот последен овосезонски настап, при поразот од Алборг и елиминацијата во осминафиналето од елитното европско натпреварување.

Двојната одбрана на почетокот од мечот во Данска му го донесе на Митревски второто место на оваа топ-листа, веднаш зад првопласираниот Пешиќ од Мешков Брест.

Петтата позиција му припаѓа на Родриго Коралес од Веспрем, за одбранетиот зицер на Тимур Дибиров.

Се вчитува...