Топ 5: Рикиќ од МЗТ Скопје го има најубавиот потег на „балонот“ во Широки (видео)

МЗТ Скопје заврши извонредна работа со двете победи на стартот од турнирот во Широки Бријег, со кои македонскиот првак се искачи на првото место во регуларниот дел од сезоната во АБА2, во пресрет на завршниот турнир што ќе се одржи во Скопје.

Центарот на МЗТ Скопје, Роберт Рикиќ го има најатрактивниот потег од турнирот во Широки, со бруталното забивање преку играч на големото дерби со Борац Бања Лука.

Дел од оваа Топ 5 листа е и центарот на Пелистер, Игор Кесар, кој го освои третото место со забивањето на последниот овосезонски меч за „пелистерци“, дуелот  против сараевски Спарс.

Се вчитува...