ТОП 5 спортисти кои ја одбележаа 2021: Кјаер и Ериксен го сплотија фудбалскиот свет, Ферстапен, Адетокумбо…

Спортската сцена и оваа година понуди херои, победници и рекордери. Фудбалот уште еднаш ја покажа својата моќ, па барем за момент го сплоти фудбалскиот свет на Европското првенство. Лудата трка во Формула 1 ќе биде зборувана уште долго време, а Хамилтон веројатно никогаш нема да ја заборaви. Милвоки Бакс ја освои шампионската титула во НБА благодарение на фасцинантниот Јанис Адетокумбо.

ЕКИПА ги издвојува Топ 5 спортисти за 2021 година.

Херојот на Данска и светскиот фудбал – Кјаер

Фудбалското Европско првенство ќе биде паметено по драматичните сцени на натпреварот меѓу Данска и Финска. Од „нигде-никаде“, Кристијан Ериксен падна како покосен на теренот, по што започна битката за неговиот живот. Еден од најзаслужните за тоа што не дојде до трагедија е данскиот репрезентативец Симон Кјаер кој покажа како треба да се реагира во случај на кризни ситуации. И додека сите останати беа изненадени и не им беше јасно што се случува, Симон Кјаер се стрча кон својот соиграч и го извади неговиот јазик со цел да спречи гушење додека е во несвесна состојба. По ова, тој му нареди на целиот тим да го опкружи Ериксен, со цел да ги спречи камерите да го снимаат играчот на Интер во тешка состојба, за потоа да биде крај сопругата на фудбалерот на Интер која беше избезумена поради состојбата на нејзиниот сопруг. На крајот, среќната околност е што Ериксен преживеа.

Ферстапен е новиот шампион во Ф1

Надвор од светот на фудбалот во категоријата на спортски победници влегува и фасцинантниот Макс Верстапен, освојвуачот на Формула 1. Фановите со сигурност ќе ја паметат оваа календарска година, особено последната спектакуларна и драматична финална трка, чие инфарктното финале од последниот круг во Абу Даби го доби Верстапен, кој успеа во последниот круг да го победи седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Макс Верстапен стигна до својата прва титула.

Јанис Адетокумбо – „MVP“ на финалето

Екипата на Милвоки Бакс ја освои шампионската титула во НБА откако во 6-от натпревар во големото финале, го совлада Феникс Санс со 105-98. Јанис Адетокумбо беше херојот на „Бакси“ со 50 поени, 14 скока и 5 блокади и беше и избран за играч на натпреварот и „MVP“ на финалето. Инаку, ова беше трето загубено финале на Феникс Санс, додека Јанис одигра клучна улога за Милвоки донесувајќи му прва титула по 50 години и конечно подигање на шампионскиот трофеј, за првпат после далечната 1971 година.

 

Ериксен ја доби најважната животна битка, сега планира враќање на фудбалот

Најголемиот победник денеска е данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, а УЕФА го прогласи и за играч на натпреварот против Финска. Веќе екс-фудбалерот на Интер колабираше на теренот пред крајот на првото полувреме и по неколкуминутна борба, лекарите успеаја да го спасат. Финска потоа победи, но Ериксен го доби признанието за играч на мечот. Денес Данецот живее со вграден дефибрилатор кој ја регулира работата на неговото срце, а токму поради тоа нема да може да игра во Италија. Сепак, поранешната ѕвезда на Ајакс и Тотенхем сака повторно да биде на теренот и се споменува враќање во Ајакс бидејќи во Холандија има право да игра со вграден дефибрилатор. Моментално се подготвува во својата Данска и конечно доби дозвола да тренира. На Ериксен ќе му биде дозволено да игра со вградениот дефибрилатор и во Англија, а се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, освен што нема да се врати во Интер. Ериксен има договор со Интер до летото 2024 година, но неговите приходи сега се целосно покриени од ФИФА.

Том Брејди и на 43 години освои титула во НФЛ

Том Брејди е апсолутна спортска легенда, на 43-годишна возраст стигна до нова титула во НФЛ-лигата. Тој по рекорден 15 пат се најде на „Про-бол“ панданот на „Ол стар“ натпревар во НФЛ лигата. Маестралниот брејди со овој учинок надмина неколку легенди, но најважно е тоа што го помина својот најголем ривал, Пејтон Менинг кој 14 пати беше избран за учесник на про-бол. Најмногу играчи на „Про-бол“ имаат Индијанаполис Колтс, додека по шест имаат Канзас Сити Чифс и ЛА Чарџерс.

Се вчитува...