Топ-трансфер во Битола: Еурофарм Пелистер пред потпис со Радивојевиќ

Еурофарм Пелистер е на прагот на ново големо засилување, откако македонскиот шампион влезе во завршна фаза од преговорите со Богдан Радивојевиќ, српскиот репрезентативец кој е слободен играч по заминувањето од Пик Сегед.

Ако недоволното искуство може да биде проблем за битолчани во Лигата на Шампионите, Радивојевиќ дефинитивно може да помогне на овој план бидејќи станува збор за играч кој долги години настапуваше во елитното еврпоско натпреварување. Тој е дел од шампионската генерација на Фленсбург од 2014 година во ЛШ, а потоа ги бранеше и боите на Рајн Некар Левен.

По заминувањето од Пик Сегед се најавуваше дека српскиот репрезентативец ќе потпише за Динамо Букурешт, но откако романскиот тим не доби вајлд-карта за ЛШ преговорите се искомпликуваа, целата ситуација ја искористи управата на „пелистерци“ која сега е пред потпис со овој 30-годишен ракометар.

Се вчитува...