„Топчиите“ го торпедираа „фенерџијата“

Арсенал конечно успеа да забележи рутинска победа во Премиер-лигата, откако „топчиите“ вечерва без многу мака го совладаа Шефилд Јунајтед, и тоа на гостински терен со 0-3.

Отсуството на Обамејанг овојпат не беше никаков проблем за Артета бидејќи расположен за погодоци беше Лаказет. Французинот го отвори резултатот во првото полувреме, а пред крајот ги постави и конечните 0-3, откако претходно младиот Мартинели стрелаше прецизно за 0-2.

Проблем за Артета сигурно ќе претставува повредата што на овој меч ја заработи младиот Сакам, кој речиси сигурно ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Славија Прага.

Се вчитува...